Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Левица: Јаневска сфати дека со лажење не оди, па сега молчи пред сопствениот правилник - бодови нема и останува некој конечно да сноси одговорност за партизирање и на студентските домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица преку соопштение повторно побара од Министерството за образование и наука да ги објави бодовите врз основа на кои биле рангирани студентите за сместување во студентските домови, оценувајќи дека без оваа информација јавноста не може целосно да ја провери постапката.

Од партијата велат дека доколку студентите биле рангирани според пропишани критериуми, мора да постои и соодветна бодовна листа. Според нив, тоа произлегува и од Законот за студентски стандард, но и од Правилникот потпишан од министерката за образование и наука Весна Јаневска, со кој е предвидено јавно објавување на списокот на студентите со освоените бодови.

— реклама —

Левица посочува дека досега биле објавени списоци на примени и непримени студенти, но без податоци за освоените бодови. Од партијата сметаат дека токму бодовите се клучни за проверка дали рангирањето било спроведено според утврдените критериуми.

— реклама —

Од Левица прашуваат дали оваа година воопшто било спроведено бодирање за сместувањето во студентските домови и бараат надлежните институции да извршат увид во целокупната документација.

„Ако бодувањето постои, ова е најлесниот скандал што Јаневска може да го затвори“, велат од партијата, од каде што додаваат дека наместо објавување на бодовите, Министерството досега ги отфрлало критиките како лажни вести.

— реклама —

Како дополнителен аргумент, Левица ја посочува и ревизорската документација од претходен конкурс. Според партијата, Државниот завод за ревизија тогаш не добил поткрепувачка документација дека Министерството за образование и наука извршило бодирање, при што било укажано дека неприменувањето на бодовното рангирање може да создаде простор за субјективност при распределбата.

Левица бара да се утврди дали за секој кандидат постои целосна бодовна пресметка, кога и од кого е извршена, според кои критериуми и дали конечната листа произлегува од утврдените бодови.

Од партијата велат дека објавените списоци без бодови не овозможуваат целосна јавна проверка на постапката и бараат документацијата да биде достапна за да се отстранат сомнежите околу начинот на кој биле распределувани местата во студентските домови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 4 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 5 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања