Промени тема
Контакт

Левица – Карпош бара темелна ревизија на сите ДУП-ови и сериозни средства во буџетот за 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-librarybqtobm0j93tu1lX4euN

Советничката група на Левица во Советот на Општина Карпош поднесе повеќе иницијативи до локалната самоуправа, при што како најзначајна ја издвојува итната и сеопфатна ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Според партијата, оваа постапка мора да биде спроведена транспарентно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност, за конечно да се воспостави урбанистичко планирање што ги одразува реалните потреби на заедницата и овозможува подготовка на квалитетен општински буџет.

— реклама —

Од Левица потсетуваат дека изминатиот период покажал сериозни недостатоци во постојните ДУП-ови, кои, како што велат, не се усогласени ниту со инфраструктурниот капацитет ниту со интересите на жителите. Поради овие пропусти, претходниот Совет одби да ги изгласа плановите, што, според партијата, оставило простор за појава на дивоградби и продолжување на урбанистичкиот хаос во општината.

— реклама —
— реклама —

Советниците од Левица – Карпош бараат во буџетот за 2026 година да се обезбедат сериозни финансиски средства за изработка и ревизија на урбанистичките планови. Тие предупредуваат дека досегашната практика – формално внесување на овие ставки во буџетските документи без суштинска реализација – мора да престане доколку општината сака да воспостави ред и долгорочно одржливо уредување на просторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zanaet45253_original

Левица: УЈП им создаде долг на занаетчиите, па сега ќе им блокира сметки и одзема здравственото осигурување поради грешка на институциите

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Левица: Владата троши милиони за да се снима, промовира и да си го мери рејтингот

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Јаневска молчи пред аргументите на Левица, со тоа потврдува дека бодување за студентските домови повторно немало, спротивно на законот и правилникот

Македонија | пред 2 дена

apasiev

„Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија“, вели Левица

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања