Промени тема
Контакт

Левица: Компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го издала автокампот Крани за работа на „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Krani-kamp

Додека директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски држи празни прес-конференции за наводните контроли на неговата институција, Левица објавува докази како само 2 месеци после трагедијата со Кочани, пазарниот инспекторат при вршење надзор не постапил законски и дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола!

— реклама —

Левица претходно објави дека овој автокамп е криминално присвоен од компанијата „Агроплод Ресен” и истиот формално-правно не постои, односно не е категоризиран согласно Законот за автокампови и нема дозвола за работа. Во одговор на Пазарниот инспекторат, наведено е дека на 15 април пазарен инспектор извршил надзор во овој автокамп, при што констатирал дека автокампот Крани не ги исполнува санитарно-здравствените услови, условите за заштита при работа, условите за противпожарна заштита, како и дека истиот не е категоризиран, односно работи без дозвола за работа.

Но, наместо пазарниот инспектор веднаш да го затвори авто-кампот и да иницира постапка против правниот субјект кој незаконски узурпира и стопанисува со државен имот, инспекторот изрекол само опомена со временски период да ги отстрани неправилностите?! Пазарниот инспектор бил должен да знае дека се работи за авто-камп во сопственост на Репубика Македонија, со кој криминално стопанисува „Агроплод Ресен”, на кој уште во 2004 година и е одземена концесијата за овој авто-камп и оваа компанија нема никаков правен основ за да работи со автокамп Крани, туку истата треба да биде под кривична истрага за узурпација на државен имот, се наведува во соопштението на Левица.

— реклама —

Левица објавува уште еден доказ, односно одговор од Државното правобранителство, во кое јасно стои дека предметниот автокамп формално-правно не постои и истиот е во неспорна државна сопственост. Моментално, компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го има издадено автокампот за работа на правното лице „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ Скопје, каде управител е Александар Петковски. Се работи за сериозен криминал под заштита на институциите, каде годишно незаконскиот управител остварува чист профит и до 160.000 евра.

— реклама —

Левица алармира дека при ваквиот сериозен криминал не е во прашање само финансиската корист која се остварува криминално, туку и незаконското работење без дозвола за работа ни дава сериозна загриженост после трагедијата со дискотеката „Пулс”, каде токму непостапувањето на пазарните инспектори (кои дозволија да работи без лиценца), за жал резултираше со 63 трагично изгубени животи.

Партијата прашува - дали власта и премиерот Мицкоски го штитат од кривичен прогон нивниот директор на Државниот пазарен инспекторат за трагедијата со Кочани затоа што Влатко Стојкоски продолжува да не постапува против локални моќници и нивниот криминал?!

— реклама —

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања