Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Левица: Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот - тоа е стара експлоатација со нов речник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица преку соопштение реагира на предлогот на Стопанската комора за промени во начинот на користење на неработните денови, оценувајќи дека зад аргументите за економска ефикасност се крие притисок врз работничките права.

— реклама —

Од партијата велат дека предлогот работничкото право го третира како трошок, а времето на работниците го мери преку производството и профитот.

„Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот – тоа е стара експлоатација со нов речник“, наведуваат од Левица.

— реклама —

Партијата го критикува и односот на крупниот капитал кон неработните денови, тврдејќи дека барањата за промени во оваа област се насочени кон зголемување на времето поминато на работа.

— реклама —

Од Левица ја поврзуваат иницијативата на Стопанската комора и со политиките на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека застанува зад интересите на крупниот капитал.

„Ако на олигархијата сега ѝ пречат празниците, утре ќе ѝ пречи викендот, задутре осумчасовното работно време“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од Левица порачуваат дека нема да поддржат промени за кои сметаат дека ги загрозуваат работничките права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 1 ден

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања