Промени тема
Контакт

Левица обвинува: Рамадани од ВРЕДИ глорифицирал Илирида, се шири етничка омраза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Од партијата Левица реагираа со остро соопштение во кое обвинија дека кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистички пораки и создаваат етнички тензии, особено кандидатот за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани.

— реклама —

„Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина. Рамадани, во јавно обраќање од дијаспората, наместо да зборува за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ“, стои во реакцијата на Левица.

Од партијата додаваат дека Рамадани потврдил обединување со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што, според Левица, ја покажува „сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер“.

— реклама —

„Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да ‘коленичи’, ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници“, порачуваат од Левица.

— реклама —

Според нив, ваквите „штетни наративи од политичари заглавени во минатото“ создаваат само поделби и нетрпеливост, додека граѓаните масовно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и корупција.

„И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.

— реклама —

Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот карактер на Републиката?“, се вели во реакцијата на Левиц

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања