Промени тема
Контакт

Левица обвинува за „октопод“ во ДКСК: Архивата како механизам за прикривање предмети блиски до ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
432224-720x340-1


До Левица пристигнуваат сериозни пријави за незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на функцијата во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во центарот на овие сомнежи е членката на Комисијата - Цвета Ристовска, велат од партијата

„Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК - мрежа која служи на интересите на владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски. 
Имено, преку сомнително ангажирање на лицето Татјана Наќева во архивата со договор за дело, и покрај тоа што архивата веќе била кадровски екипирана, се воспоставувал филтер врз влезната и излезната пошта. Преку овој механизам, ангажираната Наќева ја алармирала членката Цвета Ристовска по што таа ги известувала предметните лица, селектирала предмети, ја забавувале или „заглавувале“ постапката - зависно од тоа дали се однесуваат на луѓе блиски до власта.

— реклама —

Татјана Наќева инаку е сопруга на новинарот Љупчо Наќев, кој воедно е и предавач на Универзитетот Скопје кај Аце Миленковские, кој отворено важи за испостава на ДПМНЕ. На истиот универзитет е вработен и нејзиниот син - Филип Наќев. А за потсетување, и самата Цвета Ристовска била ангажирана како предавач на истиот универзитет.

Ова е мрежа во која се преплетуваат антикорупциска институција, партиски блиски медиумски кругови и универзитетска инфраструктура - октопод на власта на ДПМНЕ.

— реклама —


Да потсетиме Цвета Ристовска беше известувач по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка.

— реклама —

Преку ваквата мрежа, ДКСК систематски ги претвора флагрантните нерегуларности во аминувани и невидливи, а јавноста ја убедува дека е при очи слепа.

Дополнително, на овој начин и бројни предмети поврзани со структури на власта остануваат без каков било исход. Таков е примерот со незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски за кого и после повеќе од една година нема никаква одлука!

Ова е само почеток. Левица во наредниот период ќе продолжи да обзнанува и други информации за оваа мрежа, функционирањето на ДКСК, но и други информации за партиска вмреженост и коруптивно влијание, без разлика колку високо водат пипците.
Во таа насока, ги повикуваме сите граѓани, вработени во институции, кои располагаат со информации, документи, сознанија, трпат притисоци, сведочат на незаконитости, да ги достават до Левица, а ние им гарантираме анонимност.
Само со разобличување, јавност и солидарност може да се скрши ѕидот на страв и молк и да се спречи државата целосно да биде заробена од партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarythv2nadl92kt0CWfIPV

Прифатен амандман на Левица: Нема да се бришат одредбите за санација на еколошките жешки точки

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Груби излегува од куќен притвор - дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече

Македонија | пред 14 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно - што ли договори Муцунски во Софија

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања