Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица поднесе интерпелација за Тошковски, работел непрофесионално и несовесно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pance-toskovski-1

Левица поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Велат, ова е поради несоодветно извршување на својата функција.

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што, според Левица имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.

„Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изразито законска обврска на МВР”, рече Јанчев.

Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.

— реклама —

„Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци”, вели Јанчев.

МВР потфрлила и бидејќи долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до, како што кажа ДПМНЕ.

Според Јанчев, министерот Тошковски има директна командна одговорност.

— реклама —

Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства.

Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за издадени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа.

— реклама —

Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот, според Левица е катастрофална кадровска политика, исполнета со непотизам и кронизам.

„Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК”, рече Јанчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања