Промени тема
Контакт

Левица: Растот на платите постои само во табелите на ДПМНЕ, не и во паричниците на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Левица остро реагира на изјавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој на прес-конференции се повикува на растот на реалната плата и стабилизирана инфлација како аргумент за наводно подобрен животен стандард на граѓаните.

— реклама —

„Тврдењето дека растот на реалната плата е 6,7% е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат повеќе од половина милион работници. Во мај 2025 година, од 509.960 работници, дури 374.045 или 73,3% добиваат плата под просечната, а 169.082, односно една третина, преживуваат со под 30.000 денари месечно – двојно помалку од синдикалната минимална кошница која во август достигна 65.507 денари,“ велат од Левица.

— реклама —

Според партијата, парадоксално е да се зборува за висок раст на реалната плата додека голем дел од работниците се наоѓаат под прагот на сиромаштија. Дополнително, Левица обвинува дека властите манипулативно се повикуваат на просечна инфлација од 3,6%, која е „вештачки измазнета“ и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите, кои во последните пет години се зголемиле за 30 до 40%.

„Стабилизирана инфлација постои само на хартија, додека секојдневието на народот е обележано со неизвесност, долгови и осиромашување,“ додаваат од партијата.

— реклама —

Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата на 500 евра, подобрување на социјалните мерки, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика и воведување фер, прогресивен даночен систем.

— реклама —

„Економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството,“ порачуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања