Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Левица: Решението за градба кај Болничкиот комплекс „Воена болница“ да се поништи веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

„​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс ,Воена болница'!

— реклама —

Политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.

— реклама —

Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.

— реклама —

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер.

— реклама —

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси!“, се вели во објавата на ЛО Левица - Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

„Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните“, велат од Левица

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Криминалното дувло во Центарот за социјални работи во Тетово се шири - пензија добил и роднина на вработен, велат од Левица

Македонија | пред 10 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија - Бараме итен инспекциски надзор, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Животот стана луксуз за работникот - инфлацијата го јаде и тоа малку што остана, велат од Левица

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања