Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Левица: УЈП им создаде долг на занаетчиите, па сега ќе им блокира сметки и одзема здравственото осигурување поради грешка на институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
zanaet45253_original

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Државата смисли навистина “генијален модел за поддршка на занаетчиите“ - прво им ја одзема можноста сами да си ги пресметуваат придонесите и ја презема таа обврска преку УЈП, а потоа, според сведоштвата што пристигнуваат до Левица, со месеци не им ги доставува пресметките и на крај им испраќа опомени затоа што не платиле нешто што самата институција не им овозможила уредно да го платат! Иронијата е уште поголема што УЈП законската промена од јули ја рекламираше како наводно олеснување на процедурите за самовработените паушалци, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Но ова е алармантно! Зад секоја непроцесирана пресметка стои човек кој живее од сопствените раце, плаќа кредит, издржува семејство и мора секој месец да заработи за да преживее. Занаетчиите сведочат дека поради овој хаос не можат нормално да ги регулираат обврските, им виси опасност од камати, присилна наплата и блокада на сметки, се соочуваат со проблеми со здравственото осигурување, а нерегулираниот статус може да им создаде проблем и пред банките. Има и повеќедетни семејства во кои и двајцата родители се занаетчии, а оваа грешка на системот станува удар врз егзистенцијата на цело семејство!

Уште поопасно е што меѓу занаетчиите се создава чувство дека системот фактички ги истиснува од формата во која со години работеле - или снаоѓај се, затворај, или отворај ДООЕЛ за воопшто да можеш нормално да функционираш. Тоа допрва мора да го објаснат надлежните! Зашто ако државата прво ти ги врзе рацете, потоа те прогласи за должник, ти ја загрози кредитната способност и пристапот до здравствено осигурување, тешко дека тоа може да се продава како „намалување на административниот товар“. Тоа е административен лавиринт во кој институцијата го прави пропустот, а сметката ја остава пред вратата на занаетчиите.

— реклама —

И после сето ова, Владата на ДПМНЕ нека продолжи да продава приказни за поддршка на малите бизниси и поволна деловна клима. Додека директорката на УЈП, Елена Петрова, раководи со институција од која занаетчиите со месеци чекаат пресметки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриеска-Кочоска зборува за модерна и ефикасна даночна администрација, луѓето што живеат од сопствениот труд добиваат опомени, висат над блокада на сметки и се борат да си го зачуваат здравственото осигурување!

— реклама —

Во истата 2026 година Владата преку Министерството за економија и труд на Бесар Дурмиши свечено промовираше мерки за директна поддршка на занаетчиите, па еве ја нивната “поддршка“ во пракса! Со едната рака им даваат по некоја субвенција за алат, а со другата нефункционалниот државен систем им ја става егзистенцијата во менгеме.

Не се спасува занаетчиството со шарени јавни повици додека администрацијата произведува долгови кај луѓе што сакаат да платат, а тие не им даваат основа. Ако ова е економската политика со која ДПМНЕ ќе го оживува домашното стопанство, тогаш подобро нека не ги чепкаат воопшто занаетчиите бидејќи вака му го стегаат јажето околу вратот, а потоа се фотографираат со ножиците со кои наводно ќе го спасуваат.

Левица бара веднаш да се запре испраќањето опомени, пресметувањето камати, присилната наплата и блокирањето сметки за сите занаетчии погодени од пропустите на системот, додека УЈП не ги изработи и достави сите заостанати пресметки. Истовремено, бараме на ниту еден занаетчија и на неговото семејство да не му биде прекинато здравственото осигурување поради проблем што не го предизвикал самиот, како и одговорност за настанатиот хаос“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 5 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 5 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања