Промени тема
Контакт

Левица: Уставниот суд ги врати работниците во 19 век - ќе работат по 72 часа неделно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за Иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно. Ваквата скандалозна одлука е, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,,Бехтел и Енка", со што Македонија, дефакто, станува КОЛОНИЈА на странскиот капитал!

Потсетуваме дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.

Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата!

— реклама —

Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството - работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето.

За ваквата скандалозна одлука гласала Претседателката Добрила КАЦАРСКА, заедно со следниве уставни судии:

— реклама —

1. Насер АЈДАРИ

2. Осман КАДРИУ

3. Фатмир СКЕНДЕР

— реклама —

4. Татјана Васиќ - БОЗАЏИЕВА

5. Елизабета ДУКОВСКА

— реклама —

6. Јадранка Дабовиќ - АНАСТАСОВСКА

7. Ана Павловска - ДАНЕВА

Уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 21 час

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања