Промени тема
Контакт

Левица: Во Карпош е спречен обид за „бугарски воз“ на пет гласачки места во општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Од партијата Левица тврдат дека во Карпош на пет избирачки места во општината бил спречен обид за изборен инцидент познат како „бугарски воз“. Според нив, се работи за обид на, како што велат, „власта“ да влијае врз изборниот процес поради зголемената излезност во Карпош.

— реклама —

„На пет гласачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од набљудувачите да бидат изнесени надвор од избирачките места,“ се наведува во објавата на партијата.

— реклама —

Левица додава дека за овие инциденти бил составен записник и дека се известени надлежните институции, бидејќи ваквите случаи, како што велат, можат сериозно да го нарушат демократскиот процес.

— реклама —

Таканаречениот „бугарски воз“, или „индиски стринг“ во некои земји, претставува метод на местење избори со контролирано изнесување и пополнување гласачки ливчиња надвор од избирачките места, со цел манипулирање на резултатите.

— реклама —

Од Левица-Карпош велат дека власта е во паника поради, како што наведуваат, високата излезност во општината, која до 15:00 часот изнесувала повеќе од 32 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 13 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања