Промени тема
Контакт

Левица: Вработените во јавниот сектор остануваат без додатоци до избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
levica

Партијата Левица денеска обвини дека Министерството за финансии, предводено од Гордана Кочоска Димитриеска, донело одлука со која на вработените во јавниот сектор ќе им бидат укинати сите додатоци и надоместоци на плата до завршување на локалните избори.

— реклама —

Според нивното соопштение, оваа мерка ќе ги погоди работниците кои треба да добијат исплати за работа на празници, недела, ноќна работа, прекувремена работа, како и за јубилејни награди, теренски надоместоци и обештетувања во случај на смрт на член од семејство.

— реклама —

Од Левица велат дека голем број вработени веќе добиле известување оти сите исплати ќе бидат стопирани до изборите, што тие го нарекуваат „неуставна и незаконска одлука“. Тие потсетуваат дека работничките права се гарантирани со закон и колективни договори, а не можат да бидат ограничени со акт на работодавецот.

— реклама —

Партијата ја обвини власта на ВМРО-ДПМНЕ дека истовремено додека ги кратела примањата на работниците, троши „милионски суми за службени возила, луксузни патувања и тендери за блиски фирми“, со цел, како што наведуваат, да ја финансира сопствената предизборна кампања.

— реклама —

Левица ја повика министерката Кочоска да ја повлече оваа одлука и да „престане да организира избори на грбот на работниците“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања