Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лицето кое му се закануваше на новинарот Ландов повикано во полиција: До обвинителството ќе биде доставен поднесок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Македонија
media-library2f9bh027a9a9cuNgP76
Илустрација / Скопје1

Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на лицето кое преку „Фејсбук“ упатило заканувачки коментар кон новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан Ландов.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 19 ноември, под објава на страницата „Pretres.mk“, поврзана со емисијата „Претрес со Ландов“, бил објавен коментар што новинарот го пријавил како закана за неговата физичка безбедност и обид за заплашување поради неговата професионална работа.

Во еден од коментарите, профилот „Ivica Misajle“ му порачал на Ландов „aj malce namali (…) da ne ti lizni kolata a mlado dete si“, додека профилот „Ilija Ile Krsteski“ напишал дека „ке му одвртат некој штрав од некое колце“.

— реклама —

Постапувајќи по пријавата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презел активности за обезбедување докази и утврдување на авторот на коментарот. Утврдено е дека станува збор за 38-годишно лице од Кичево, со иницијали И. М.

— реклама —

Лицето било повикано на информативен разговор, спроведен на 23 ноември, при што потврдило дека го користи профилот од кој бил објавен коментарот.

За случајот е известено Основното јавно обвинителство Скопје. МВР продолжува со прибирање дополнителни електронски докази, по што до надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

— реклама —
media-library1hhi2c4gnr4i0j8fo8P

Тошковски за заканите кон Ландов: МВР ги презема сите чекори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека МВР ги презело сите потребни чекори во случаите на насилство и закани, одговарајќи на новинарско прашање за заканите упатени кон новинарот Кристијан Ландов по објавувањето на емисијата „Претрес“, посветена на полициското постапување во Охрид.Тошковски призна дека полицијата не постапувала секогаш максимално професионално и дека биле направени грешки, но посочи дека реагирал и Одделот за внатрешна контрола.„МВР ги презело сите чекори, за

Македонија | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryvs21e8u3sm1nca8Cl2Q

АВМУ бара институциите да постапат по заканите кон Ландов

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library1hhi2c4gnr4i0j8fo8P

Тошковски за заканите кон Ландов: МВР ги презема сите чекори

Македонија | пред 1 ден

media-librarykfpgevuo16cfaPbuV7T

(Видео) Ландов врзан на „Полиграф“: Џабе ми се милиони ако живеам во држава каде што 90 проценти од работите функционираат погрешно

Сцена | пред 3 седмици

media-librarykgdpq155lut4anAoTB8

Нација што се навикна на трагедии: Извинете што ве вознемирувам, но нечиј син нема да се врати дома

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања