Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

АВМУ бара институциите да постапат по заканите кон Ландов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-libraryvs21e8u3sm1nca8Cl2Q

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрази сериозна загриженост поради заканите по живот упатени кон новинарот Кристијан Ландов преку социјалните мрежи, по објавувањето на епизодата од неговиот подкаст „Претрес“, посветена на настани во Охрид.

— реклама —

Од Агенцијата ги оценија заканите како целосно неприфатливи и порачаа дека безбедноста на новинарите е основен предуслов за слободно и независно новинарство. Особено загрижувачки, според АВМУ, се пораките што содржат алузии на можност за физичка повреда и загрозување на личната безбедност на Ландов.

— реклама —

Оттаму очекуваат надлежните институции да ги разгледаат пријавените закани и да преземат соодветни мерки.

АВМУ истовремено повика на одговорна јавна комуникација кон медиумите, особено од страна на организации и претставници на институциите. Доколку некој има забелешки за медиумско известување, посочуваат дека постојат законски и саморегулаторни механизми, меѓу кои правото на исправка и одговор, како и поднесувањето претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија.

— реклама —

Агенцијата потсети дека и медиумите и новинарите имаат одговорност за објавените содржини и треба да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди, вклучително и точноста, објективноста и проверката на информациите.

— реклама —
media-librarynl6hv5khtddi7aRFkYf

ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов и бара итна истрага

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи. Според информациите што ЗНМ ги доби од новинарот, заканите започнаа по објавувањето на епизодата од неговиот подкаст „Претрес“ посветена на неодамнешниот инцидент во Охрид“, велат од ЗНМ. Тие додаваат:Во коментар на Фејсбук, профилот „Ivica Misajle“ му порачува на Ландов: „aj malce namali (…) da ne ti lizni kolata a mlado dete si“. Во одговор, профилот „Il

Македонија | пред 20 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1hhi2c4gnr4i0j8fo8P

Тошковски за заканите кон Ландов: МВР ги презема сите чекори

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarykfpgevuo16cfaPbuV7T

(Видео) Ландов врзан на „Полиграф“: Џабе ми се милиони ако живеам во држава каде што 90 проценти од работите функционираат погрешно

Сцена | пред 3 седмици

media-librarykgdpq155lut4anAoTB8

Нација што се навикна на трагедии: Извинете што ве вознемирувам, но нечиј син нема да се врати дома

Коментари | пред 1 година

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Сака да биде премиер, па со национализам потпалува, вели Ландов за изјавата на Таравари

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања