Нација што се навикна на трагедии: Извинете што ве вознемирувам, но нечиј син нема да се врати дома

објавено пред 3 месеци -

Коментари
media-librarykgdpq155lut4anAoTB8

Извинете што ве вознемирувам. Знам, сега сите сте „фокусирани“ – на плакати, на анкети, на партиски штаботи. На избори по кои, да бидеме искрени, избраните и неизбраните – можеби веќе никогаш нема ни да ве погледнат. Само кусо.

— реклама —

Во август, Македонец се обиде да изврши атентат врз член на мафијашки клан во Црна Гора. Неделава, друг Македонец загина – во Белград, во обид да изврши ликвидација. Не зборуваме за криминални „ветерани“. Зборуваме за момци родени во 2000-тите. А да, во Љубљана неделава исто беше убиен жител на Кочани.

Додека ние се караме кој е „повеќе патриот“, додека лепат плакати со празни зборови, некој таму, во сенка, ги купува вашите/нашите деца за евтина крв. Им даваат пари, им даваат оружје, им земаат иднина. А ние? Ние не сме фокусирани на нив, туку на евтини приказни.

— реклама —

И ако ова не нѐ тресе повеќе од победите и поразите на партиите и кандидатите, ако не чувствуваме срам за ова, тогаш сме станале нација што се навикнала на трагедии. Секојдневни. Рутински. Со израз на рамнодушност и слоган на усни.

Па продолжете, мерете проценти, споделувајте анкети, навивајте за вашите. Само не заборавајте – некаде меѓу тие постери, ќе недостига некој син што замина „да заработи“. На друг начин.

А сега, да се вратиме на нашите рекла-казала избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 2 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 3 месеци

media-library8n7oou7f5qjg83BwM1H

Д-р Мирчовска: Хипербарната капсула во ОБ Кочани е функционална и безбедна, со стручен пристап и едуциран персонал

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryshs7j1js8em1c3xWkbR

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, a не криминалец

Коментари | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања