Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лидерот на Хамас: Прв приоритет е крајот на израелската офанзива во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library3j5smkl8fp5r1uj1l1f

Новиот лидер на Хамас, Халил ал-Хаја, ги претстави шесте главни приоритети на организацијата во своето прво телевизиско обраќање откако беше избран за шеф на политичкото биро.

— реклама —

Како прва цел тој го посочи целосното запирање на израелската воена офанзива во Појасот Газа и повлекувањето на израелските сили од енклавата. Хамас е прогласен за терористичка организација од Европската Унија и други земји.

Ал-Хаја ги повика Египет, Катар, Турција и останатите посредници да извршат притисок врз израелската влада за спроведување на договорот за прекин на огнот од октомври 2025 година и преминување во неговата следна фаза. Имплементацијата на договорот со месеци е во застој, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово прекршување.

— реклама —

Вториот приоритет, според него, е подобрување на условите за живот на Палестинците во Газа, со акцент на спречување на нивното раселување, забрзување на обновата и ослободување на затворениците.

— реклама —

Како трет приоритет Ал-Хаја го наведе постигнувањето на палестинското единство преку национален дијалог и обновување на палестинските институции, особено на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), врз демократски основи и со широк консензус.

Меѓу останатите цели се зајакнување на односите со арапските и муслиманските држави, поттикнување на тие земји да преземат поконкретни чекори за запирање на израелските напади во Газа, како и повик до Обединетите нации и меѓународната заедница да обезбедат заштита за Палестинците и одговорност за, како што наведе, сторителите на воени злосторства.

— реклама —

Хамас во понеделникот соопшти дека Ал-Хаја е избран за нов лидер на организацијата, наследувајќи го Јахја Синвар, кој беше убиен во октомври 2024 година во судир со израелските сили во јужниот дел на Појасот Газа. Последните години Ал-Хаја живее во Катар и беше главен преговарач на Хамас во индиректните разговори со Израел за прекин на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања