Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за последниот Гренд слем-турнир во сезоната – УС Опен.
Македонската тенисерка ќе се обиде преку квалификацискиот турнир да обезбеди место во главната ждрепка на престижното натпреварување. Во моментов таа се наоѓа на 214. место на ВТА-листата.
Ѓорческа во одлично расположение ќе го дочека настапот во Њујорк, откако минатиот месец успешно ги мина трите квалификациски кола на Вимблдон и обезбеди пласман во главниот турнир, со што оствари еден од најголемите успеси во својата кариера.