Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Линијата 35 продолжува до Радишани – Бутел ќе добие директна автобуска врска со Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Автобуската линија 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што жителите на Општина Бутел ќе добијат директна поврзаност со друг дел од Скопје.

Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој соопшти дека процедурата за продолжување на линијата е завршена.

— реклама —

Костовски информира дека е постигнат договор со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски, и директорот на ЈСП за продолжување на трасата до Радишани.

— реклама —

„Деновиве ќе го презентираме новиот возен ред, а за неколку дена ќе биде пуштена пробна линија која ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани“, објави Костовски.

Според најавата, продолжената линија во почетокот ќе функционира како пробна, а доколку има интерес од граѓаните, се очекува да стане трајно решение.

— реклама —

Со продолжувањето на линијата 35, според Костовски, Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе биде поврзана со Општина Аеродром.

Градоначалникот упати благодарност до Град Скопје и ЈСП за соработката, како и до жителите на Бутел за нивните сугестии и предлози.

Новото сообраќање се очекува да започне во наредните денови, по објавувањето на новиот возен ред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeus7jljetb3s6HRbAC9

Бутел доби нов мега парк: „Бутелска оаза“ пуштена во употреба

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Скопје | пред 1 седмица

media-library8b2i0t7pgo7qbjwFSMF

Колумални редари во две смени низ Бутел: ќе ловат кој загадува, уништува и паркира на зелени површини

Скопје | пред 1 седмица

media-library47nrgab8fefb2W2IPxs

(Видео) Ѓорѓиевски: Бутел добива мега парк од 50.000 м²

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања