Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Лоши прогнози на Светска банка за економијата во Македонија, тврди Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
05062023_VRSM_BITIKI-7

„Светска банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава. Овој извештај не е технички документ, тој е слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Нашата економија е во слободен пад!“, вели Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ и додава:

Наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП – јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни, економијата ни е на смртна постела.

— реклама —

Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е “топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата.

Светската банка исто така посочува и на растот на цените, бавното темпо на јавните инвестиции. Но, ништо од ова не треба да е изговор за Владата да не реагира! ВМРО-ДПМНЕ не успеа да имплементира мерки кои ќе ги заштитат граѓаните од овие удари.

Во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија. Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план.

— реклама —

На крајот од годинава фискалниот дефицит ќе достигне 4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП. Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.

Ова значи дека иднината на нашите деца се продава во „четири очи“, а тие ќе го плаќаат овој ценовен товар уште многу години!

— реклама —

Почитувани,

Владата не може да ја контролира ситуацијата – луѓето едвај врзуваат крај со крај. Трошоците за живот само растат. Со повеќе пари, се купува помалку. Цените на основните прехранбени продукти само во септември се зголемија за 717,00 денари. А за прв пат, после седум години постојан раст, просечната плата се намали за 1.000 денари.

Не смееме да заборавиме дека и владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи се апсолутен неуспех. Граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина.

Најновиот извештај на Светската банка е јасен доказ за катастрофалните резултати на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која е неполни четири месеци на власт. Нивните економски политики, кои ги претставија како решение за сите проблеми, се покажаа како тотален неуспех.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања