Промени тема
Контакт

Лубеницата – симбол на палестинската борба и глобален знак на отпор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-libraryncq9c5u1ffcr7eQyys1

На пропалестинските демонстрации ширум светот, лубеницата станува сè почест симбол. Нејзиното политичко значење потекнува од 80-тите години и, според сведочења на уметници, инспирирано е од изјава на израелски офицер.

— реклама —

Лубеницата ги содржи истите бои како и палестинското знаме: зелената и белата кора, црвената внатрешност и црните семки. Во време кога палестинската знаме било забрането во окупираните територии, секое користење на овие бои можело да биде санкционирано. Палестинскиот уметник Сулејман Мансур во интервју за „Ал Џезира“ во 2021 година раскажа дека израелски војник јасно кажал:

„Дури и ако насликате лубеница, ќе биде проблематично.“

— реклама —

Така лубеницата станала знак на тивок отпор и симбол на идентитет.

— реклама —

Денес таа се појавува на маици, плакати, графити и во уметнички галерии во палестинските подрачја, но и на глобално ниво. На социјалните мрежи, многумина ја користат како емотикон наместо палестинско знаме за да избегнат бришење на политички содржини. Уметникот Халид Хурани редовно слика лубеници, а негово дело беше продадено на аукција за фонд кој им помага на Палестинците во здравствениот сектор.

Симболиката на лубеницата, сепак, не е едноставна. Во САД таа долго време имала расистичка конотација: по укинувањето на ропството, многу црнци одгледувале и продавале лубеници, а белите расисти ја користеле таа слика за да шират стереотипи за наводна мрзеливост и примитивност. Илустрации со црнци со карикатурално нагласени усни кои лакомо јадат лубеница биле честа алатка за нивно понижување.

Денес, и покрај тоа контроверзно наследство, лубеницата е пред сè глобален симбол на отпорот и солидарноста со Палестина. Како што забележуваат аналитичарите, токму израелската цензура и забраната на палестинското знаме ѝ дале ново значење – претворајќи го едно обично овошје во политичка икона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza-palestina-zname

Напнато во Палестина: Можно одложување на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarytdfc26fcnlb34uRRvSS

Абас до Трамп: Исполнете ги ветувањата и спречете го раселувањето на Палестинците

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

По 20 години, Палестина ќе одржи парламентарни избори

Свет | пред 3 месеци

media-librarytt6084dauftd8zflrG9

Политички судир во Словенија околу палестинското знаме – Јанша бара отстранување, претседателката го истакна на Претседателската палата

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања