„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Луфтханза ќе укине 4.000 работни места до 2030, причината е дигитализација и автоматизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Lufthansa

Групацијата „Луфтханза“ соопшти дека до 2030 година, преку дигитализација и автоматизација на процесите, ќе укине 4.000 работни места, со очекување деловните резултати да се подобрат до крајот на деценијата. Во моментов групацијата вработува околу 103 илјади луѓе.

— реклама —

Раководството наведе дека годинава, според новите проекции, очекува прилагодена добивка пред камати и даноци (EBIT) значително повисока од ланските 1,6 милијарди евра. Истовремено беа зголемени и среднорочните финансиски цели за периодот 2028–2030: сега се очекува прилагоден EBIT изразен како удел во вкупните приходи од 8 до 10 отсто, наместо претходно планираните 8 отсто.

За зголемување на профитабилноста, компанијата најавува поконсолидирано управување со сите авиопревозници во составот на групацијата под посилна централна дирекција. Покрај носечкиот бренд „Луфтханза“, во групата се и SWISS, Austrian Airlines и Brussels Airlines, а има и малцински удел во италијанската ITA Airways.

— реклама —

Плановите предвидуваат и зајакнување на нискобуџетниот превозник Eurowings, како и на одделите за логистика и техничко одржување на авиони. „Lufthansa Technik“ ќе го забрза развојот на новиот оддел „Defense“ со цел да ја зацврсти позицијата во растечкиот одбранбен сегмент. Овој оддел, во соработка со германската армија – Бундесверот, и НАТО, „обезбедува максимална оперативна подготвеност“ и нуди решенија за развој, интеграција, измени и сертификација на комплексни авијациски системи, стои во соопштението на компанијата.

Целта на мерките е позиционирање на групацијата за иднината и обезбедување одржлив принос за акционерите, порача раководството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Аеродромот во Брисел парализиран: Откажани повеќе од 30 летови

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања