„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сосема друго прави кога се на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
SanjaL

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој празни флоскули на бранот на патриотизмот, што е недозволиво во политиката да се докажуваме на граѓаните кој е поголем патриот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, едно говореше и ветуваше во кампањата, а сега сосема поинаку се однесуваат, откако се на власт, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во утринската емисија во Слободен печат.

- Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа, а сега слушнавме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на надворешната политика, додека пред тоа говореа дека ќе има ревидирање. За одредени работи поврзани со надворешната политика слушавме еден наратив додека беа во опозиција и бевме жестоко обвинувани за сите чекори коишто ги преземавме. Сега прават поинаку, рече Лукаревска.

— реклама —

Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.

- Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека расипнички и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта“, рече Лукаревска.

Во однос на предвремените парламентарни избори, таа потенцираше дека СДСМ е подготвенa за предвремени парламентарни избори.

- Подговени сме. По овие внатрешни процеси што се прават во партијата, тоа за нас не менува ништо бидејќи секако се подготвуваме за локалните избори коишто треба да се одржат во октомври и доколку има вонредни парламентарни избори подготвени сме да ја прифатиме фрлената ракавица, рече Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања