Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Становите на Груевски драстично поевтинуваат, нова аукција за луксузните апартмани на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
nikola-gruevski-45

Продажбата на трите луксузни апартмани на Водно, одземени од Никола Груевски со пресудата за „Плацеви на Водно“, влегува во втора рунда. Откако првиот обид да се најдат купувачи пропадна, Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги огласи становите – но овој пат по значително пониски цени.

— реклама —

Намалувањето од една четвртина е направено согласно Законот за управување со конфискуван имот, а почетните износи се утврдени врз основа на процената на Бирото за процени од 20 јануари 2025 година. Со тоа, вкупната вредност на пакетот од 750 квадратни метри луксузен простор – наместо 2,4 милиони евра – сега изнесува 1.843.000 евра.

Апартманите се лоцирани на престижна позиција на Водно и се опремени со ентериер од висока класа, пространи тераси и панорами кон Скопје.
Првиот стан, од 155 квадратни метри со балкон од 95 квадрати, наместо за 760.000 евра сега се нуди за 569.662 евра и располага со сопствено џакузи.
Вториот, од 199 квадрати и тераса од 48 квадратни метри, е намален од 847.000 на 635.220 евра.
Третиот, со речиси идентична квадратура, оди од 851.000 евра на 637.896 евра.

— реклама —

Електронското јавно наддавање за становите ќе се спроведе на 23 декември.

Во случајот „Плацеви на Водно“, Груевски беше обвинет дека од 2006 до 2012 година незаконски присвоил околу 1,3 милион евра партиски донации и ги пуштал во оптек за купување земјиште на Водно. Првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелациониот суд ја зголеми казната на девет години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryesjluo5rjtfs9OSTlov

Груевски од Будимпешта честита Василица и Сатара Нова Година: „Честит именден на сите кои го носат името на Св. Василиј“

Македонија | пред 19 часа

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Ристоска: Одбраната намерно го влече „Талир 2“ – нека се појави Груевски и нека признае вина

Македонија | пред 1 месец

nikola-gruevski-45

СДСМ за Груевски: Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс

Македонија | пред 1 месец

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

СДСМ со совет до Сиљановска Давкова да не го слуша нивниот водач-бегалецот Груевски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања