Промени тема
Контакт

Магла до 50 метри кај Гевгелија, влажни коловози низ државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
magla

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради магла е забележана во повеќе делови од земјата. До 50 метри видливоста е намалена во околината на Гевгелија, до 100 метри кај Струмица, Неготино и Сарамзалино, а до 150 метри кај Демир Капија.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во рамки на сезонскиот режим, во период од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања