„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Магла на Плетвар, Ѓавато и Крушево, возачите со апел за внимателно возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
pat-magla

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. На планинскиот превој од село Лисец кон Попова Шапка има мали остатоци од снег кои се задржуваат на коловозот, додека врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, но засега не се задржуваат на патот.

— реклама —

Намалена видливост поради магла е регистрирана на неколку планински премини и тоа на Плетвар до 30 метри, на Ѓавато до 100 метри и на превојот кон Крушево до 40 метри, поради што се препорачува зголемена внимателност при возење.

Од АМСМ потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, е во сила од 15 ноември 2025 година и ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила и ќе биде недостапен за сообраќај до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 1 седмица

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 1 седмица

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 2 седмици

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања