Промени тема
Контакт

Магла на Плетвар, Стража и Крушево, слаб снег на Попова Шапка – внимателно на патиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryk39pjnsl8acf39mVdFp

Сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но снегот засега не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и Крушево до 30 метри.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај, според кој патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања