Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија го отвора Европското првенство против светскиот и олимписки шампион Данска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Спорт
278630190_541392414018340_5258819745201078676_n

Седумнаесеттото Европско првенство во ракомет за мажи, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска, официјално започна вчера, а денеска на терен ќе излезе и македонската репрезентација. За Македонија ова е деветто учество на континенталните шампионати, осмо по ред, а најдобриот пласман останува петтото место освоено на ЕП 2012 година.

Титулата на шампион ја брани Франција, која со евентуално ново злато би се израмнила со рекордерот Шведска, со по пет европски титули. Македонија е сместена во групата Б и шампионатот го започнува вечерва од 20:30 часот во данскиот град Хернинг, каде ќе се соочи со актуелниот олимписки и светски првак Данска. Вториот натпревар македонските ракометари ќе го одиграат в недела против Португалија од 18 часот, додека во вторник следува дуелот со Романија, исто така од 18 часот. Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани селекции од секоја од шесте групи.

— реклама —

Македонија и Данска последен пат се сретнаа во групната фаза на Европското првенство 2022 година, кога Данците славеа со 31-21. Сепак, македонската јавност сè уште го памети триумфот од 33-29 во квалификациите за истото првенство, остварен во Скопје, на дебито на Кирил Лазаров како селектор, што воедно беше еден од ретките порази на Данска во изминатата деценија, како што потсетува Европската ракометна федерација.

— реклама —

Селекторот Кирил Лазаров пред почетокот на шампионатот истакна дека неговиот тим влегува во натпреварот без притисок, но со голема желба да се надигрува со најдобрите. Тој оцени дека Данска е најдобрата репрезентација во светот во последните десет години, дека игра пред домашна публика и дека тоа ќе биде огромен предизвик, но нагласи дека Македонија нема што да изгуби и треба да ужива во ваков натпревар. Лазаров посочи дека промената на генерацијата е тежок и долг процес, особено за мала земја како Македонија, но изрази задоволство од напредокот што е направен во изминатите две години и од фактот што тимот веќе покажал дека може да одигра добар натпревар, иако континуитетот на големите турнири останува најголемиот предизвик.

Македонската репрезентација во подготовките одигра пет контролни натпревари, на кои забележа три победи, едно реми и еден пораз. Подготовките започнаа во Пореч, каде Хрватска славеше со 26-23, по што следуваше турнирот во Винтертур, на кој Македонија го освои второто место со победи над Бахреин и Украина, како и реми со домаќинот Швајцарија. Генералната проба пред шампионатот беше победата над данскиот прволигаш Митјиланд со 35-27.

— реклама —

Шефот на македонската делегација и поранешен репрезентативец Филип Миркуловски оцени дека последната проверка била исклучително корисна за тестирање на тактичките замисли и нагласи дека Македонија е во тешка група, но дека целта е да се изненадат фаворитите. Тој потенцираше дека иако станува збор за млада репрезентација, играчите зад себе имаат повеќе големи турнири и дека овој состав има потенцијал да расте и да постигнува резултати во иднина, како што пренесе Ракометната федерација на Македонија.

Од другата страна, Данска, која според ракометните експерти е прв фаворит за златниот медал, со оптимизам влегува во шампионатот. Селекторот Николај Јакобсен изјави дека почетните натпревари секогаш носат одредена трема, но дека искуството и поддршката од околу 15.000 навивачи во арената Јуске Банк Боксен ќе бидат огромен ветер во грб. Тој оцени дека Македонија има млад и талентиран тим, но дека Данска влегува со јасна цел и самодоверба дека, ако игра на своето ниво, ќе биде тешко да биде поразена.

Годинешното Европско првенство е прво за Данска без легендите Никлас Ландин, Хенрик Мелгард и Микел Хансен. И покрај тоа, Данците досега на европските првенства имаат освоено осум медали, а Јакобсен, кој е селектор од 2017 година, зад себе има четири светски титули и една олимписка. Македонија, пак, со млад состав и процес на постепена генерациска смена, влегува на шампионатот со амбиција за чекор напред и со надеж дека токму ваквите натпревари се патот кон идни успеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryocadhgvj2dks651gdsg

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Македонија меѓу побезбедните дестинации во светот според мапата на ризици за 2027 година

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања