Промени тема
Контакт

Македонија и САД усогласија Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Република Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што се зајакнува билатералната економска соработка и се отвора поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.

„Денес правиме значаен исчекор во економската соработка со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании“, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Заедничката изјава е основа за преговори за договор со кој ќе им се обезбеди на извозниците од двете земји проширен пристап до меѓусебните пазари и ќе се овозможи унапредување на меѓусебните трговски односи. Договорот ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство.

„Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната тарифа од 15% за производите со потекло од нашата држава, додека паралелно – и тоа е суштината на успехот – ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до 0% реципрочна тарифа. Со други зборови, за дел од клучните индустрии и производи, тарифите ќе се намалат до нула“, нагласи министерот.

Заедничката изјава опфаќа повеќе области, вклучително царини, зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, дигитална трговија, енергетскиот сектор, заштита на животната средина, нетарифни бариери и заштита на правата од интелектуална сопственост.

— реклама —

„Станува збор за конкретен и мерлив успех за македонската економија. Оваа заедничка изјава им обезбедува на нашите компании конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари во светот“, посочи министерот.

Следниот чекор е финализирање на Договорот и спроведување на домашните процедури за негово стапување во сила.

— реклама —

Во официјалното соопштение на Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите Американски Држави (USTR) се наведува дека ова ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел унапредување на економското партнерство, при што амбасадорот Грир упатува благодарност до министерот Муцунски за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на трговските односи.

„Трговската агенда на претседателот Трамп ги продлабочува нашите трансатлантски врски со клучен партнер во балканскиот регион. Оваа објава ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел да се унапреди нашето економско партнерство, истовремено отстранувајќи ги административните пречки за американските земјоделци и производители. Му благодарам на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на нашите трговски односи и создавање нови можности за американските работници и бизниси“, се наведува во официјалната изјава.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp6gadh67tn2kdE8GhFH

(Видео) Четири лица загинаа во американска операција против шверцери на дрога на Карибите

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Трамп воведе нови санкции за Русија, Медведев му одговори

Свет | пред 1 ден

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Трамп го прогласи договорот за Гренланд за „историска победа“, но дел од правата постојат од 1951 година

Свет | пред 1 ден

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

САД одобрија можна продажба на противвоздушна одбрана за Украина вредна 2,7 милијарди долари

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања