Македонија избира градоначалници, започна вториот круг од локалните избори 2025

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени во 07:00 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

— реклама —

Граѓаните ните повторно излегуваат на гласачките места за да го изберат градоначалникот во општините каде што ниту еден кандидат не успеа да обезбеди мнозинство во првиот изборен круг.

Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.

— реклама —

Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.

Во Скопје во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање, бидејќи се бира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа и за градоначалници, но ќе има прегласување и за советничлата листа.Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.

Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени вечерва, откако ќе биде завршено пребројувањето на гласовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања