Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Македонија ја тресе епидемија на западнонилска треска - а во Скопје ќе прскаат против комарци дури утре“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysjk5kemche6553QKpMV

СДСМ преку соопштение обвинува дека институциите доцнат со мерките за спречување на ширењето на западнонилската треска, посочувајќи дека во Скопје прскањето против комарци започнува дури утре, иако веќе е прогласена епидемија.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека во изминатите недели граѓаните се соочуваат со повеќе проблеми поврзани со јавното здравје, а институциите, според нив, реагираат дури откако состојбата ќе се влоши.

СДСМ го поврзува актуелниот проблем со западнонилската треска и со кризата со водата во Гостивар, тврдејќи дека и во двата случаи реакцијата на надлежните била задоцнета.

— реклама —

Според партијата, во Скопје веќе има повеќе заразени лица, дел од нив се хоспитализирани, а има и смртни случаи. Оттаму прашуваат зошто мерките за намалување на бројот на комарци не биле спроведени порано.

— реклама —

„Пет недели проблеми со водата. Две недели епидемија на западнонилска треска. А прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата критикуваат и поради, како што велат, недостигот од јасни информации и одговори од надлежните институции. Според нив, јавноста не добива доволно објаснувања за состојбата, мерките и одговорноста за досегашните пропусти.

— реклама —

СДСМ бара навремена реакција од институциите и поголема транспарентност во справувањето со епидемијата, оценувајќи дека здравствените ризици не смеат да се решаваат само со политички препукувања и медиумски настапи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања