Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Македонија од 59. на 30. место по сајбер-безбедност, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
sajber-napad

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Македонија се искачила за 29 места на светската ранг-листа според Националниот индекс за сајбер-безбедност.

— реклама —

Според партијата, државата напредувала од 59. на 30. место во светот и достигнала резултат од 84,17 поени.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова е резултат на мерките што ги презела Владата за зајакнување на сајбер-безбедноста и отпорноста на државните информациски системи.

— реклама —

Како клучни чекори ги наведуваат донесувањето на новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план, како и зајакнувањето на механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти.

— реклама —

„Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата го оценува напредокот на ранг-листата како конкретен резултат од реформите и како чекор кон, како што велат, модерна и безбедна дигитална држава.

— реклама —

Станува збор за тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања