Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение обвини дека Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, повикувајќи се на податоци објавени од „WorldAtlas“, додека премиерот Христијан Мицкоски, според партијата, „секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа“.

— реклама —

Од СДСМ велат дека граѓаните секојдневно се соочуваат со високите цени, намалената куповна моќ и влошениот животен стандард.

— реклама —

Партијата во соопштението оцени дека состојбата со Буџетот е „алармантно лоша“ и дека недостигаат средства за повисоки плати, за минимална плата од 600 евра и за мерки за заштита на животниот стандард.

Во соопштението се наведува дека има доцнења и во исплатата на плати, посочувајќи го случајот со вработените во Пошта на Северна Македонија.

— реклама —

Според СДСМ, Владата се обидува да го покрие недостатокот на средства преку нови задолжувања, при што последното задолжување изнесува 260 милиони евра. Од партијата тврдат дека Владата побарала 300 милиони евра, но банките понудиле помал износ.

— реклама —

„Од доаѓањето на власт до денес, Мицкоски го зголеми јавниот долг за 2,5 милијарди евра“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата за, како што велат, ризични и неодржливи економски политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања