„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонскиот идентитет не е „сегашен“, Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

— реклама —

Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови.

„За жал, од страна на некои негови колеги – пратеници кои доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ – се предлага пред македонскиот идентитет да стои зборчето ‘сегашен’“, изјави Мицкоски.

— реклама —

„Имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе во Европскиот парламент и во Брисел, и денеска ќе продолжам со истото. Ќе кажам дека, доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое зборуваме цело време – а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои се идентификуваат како дел од бугарската заедница во Македонија, туку за обид за создавање нова, вештачка, ‘сегашна’ македонска нација која почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, затоа што тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски.

Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува „посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик“. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања