Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонските општини дел од дебатата за европските интеграции во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library9i1kd2gg69snemMqUC7

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во Брисел, каде што учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу македонските општини и локалните власти од земјите членки на Европската Унија.

— реклама —

На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство, а Ѓорѓиевски најави и свое обраќање пред учесниците.

— реклама —

Според него, седницата претставува важна можност за размена на искуства, продлабочување на соработката меѓу општините и отворање дискусии за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција.

— реклама —

„Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес и во спроведувањето на реформите. Тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските и во исполнувањето на агендата за интеграција“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека фокусот на дискусиите е ставен на продолжувањето на реформските процеси, патот кон членство во Европската Унија и зајакнувањето на улогата на локалната самоуправа како значаен фактор во приближувањето на државата кон европското семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања