Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!“, вели ЗНАМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија преку соопштение остро го осуди симнувањето и сквернавењето на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за чин на непочитување кон државните симболи и институциите.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека македонското знаме не е симбол на една политичка партија или етничка заедница, туку државен симбол на сите граѓани, чие почитување е обврска без разлика на етничката, верската или политичката припадност.

— реклама —

Од ЗНАМ посочуваат дека правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните обележја. Истовремено, оценуваат дека насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир не прилегаат на достоинствено одбележување на празниците.

— реклама —

Од движењето бараат надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите, без селективност и политички калкулации.

— реклама —

„Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите“, порачуваат од ЗНАМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Димитриевски: ЗНАМ не отстапува од ставот за правосудниот испит, очекуваме лидерска средба во декември

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv26bage85i81acNzQvb

Претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода преминува во СДСМ

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања