Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Макрон: Антисемитизмот повторно расте, време е за поголема претпазливост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на повторниот пораст на антисемитизмот во Франција и повика на постојана будност, нагласувајќи дека општеството мора да се спротивстави на омразата и дискриминацијата.

Говорејќи во Париз на првото национално одбележување на рехабилитацијата на капетанот Алфред Драјфус, 120 години по одлуката на Касацискиот суд, со која беше докажана неговата невиност, Макрон рече дека „старите демони на антисемитизмот никогаш целосно не исчезнале од Франција“.

— реклама —

Тој предложи имињата на „Праведниците меѓу народите“ – луѓето кои спасувале Евреи за време на нацистичкиот прогон – да бидат поставени на сите куќи, згради и места каде што тие им пружале засолниште.

„Соочени сме со враќање на одвратниот антисемитизам и затоа будноста е наша постојана обврска“, изјави Макрон, повикувајќи ги сите француски општини да ја поддржат оваа иницијатива.

— реклама —

Алфред Драјфус, француски офицер со еврејско потекло, во 1894 година беше неправедно осуден за велепредавство врз основа на лажни докази и политички мотивиран антисемитски процес. По долгогодишна борба на интелектуалци, писатели и политичари, неговата невиност беше официјално признаена.

— реклама —

Во рамките на одбележувањето, статуата на Драјфус беше поставена пред Касацискиот суд во Париз, а беше најавено и дека еден плоштад во француската престолнина ќе го носи името на неговата сопруга, Лиси Драјфус, која со години се борела за неговата рехабилитација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makron

Макрон им даде поддршка на Шпанија, Италија и Грција во борбата со пожарите

Свет | пред 1 седмица

media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF

Макрон: Франција се соочува со најголемите шумски пожари од Втората светска војна

Свет | пред 2 седмици

media-library607i740ijcjg51heXED

Партијата на Макрон ја тужи Марин Ле Пен поради изборниот слоган

Свет | пред 2 седмици

makron

Макрон пристигна во Сирија, прва посета на лидер на ЕУ по падот на Асад

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања