Промени тема
Контакт

Макрон: Франција се соочува со најголемите шумски пожари од Втората светска војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF
Илустрација

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција се соочува со најголемите шумски пожари од Втората светска војна, додека пожарникарите во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се борат да ги стават огнените стихии под контрола.

— реклама —

При посетата на пожарникарите кои интервенираат во шумата Фонтенбло јужно од Париз, Макрон оцени дека земјата ја очекува тешко лето и посочи дека рекордите по обемот на пожарите веќе се соборени, иако сезоната сè уште не го достигнала својот врв.

— реклама —

Во меѓувреме, француското обвинителство отвори истрага против компанија и нејзините работници кои користеле електрична пила при поправка на автопат, бидејќи постои сомнение дека искра од алатот ја запалила околната вегетација.

— реклама —

Во посебен случај, уапсен е доброволец пожарникар кој признал дека намерно предизвикал пожар користејќи запалка и бензин, додека друг маж ненамерно предизвикал пожар откако фрлил отпушок од цигара.

Во Шпанија, пожарот во регионот Арагон досега уништил околу 4.500 хектари шума, ниска вегетација и земјоделско земјиште. Регионалните власти соопштија дека огнената стихија во близина на селото Ореса и понатаму е надвор од контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања