Промени тема
Контакт

Макрон: Ќе ја засилиме поддршката за Украина по рускиот напад врз трговскиот центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Францускиот претседател Емануел Макрон најави засилување на француската воена поддршка за Украина по смртоносниот руски напад врз трговски центар во Криви Рог, во кој загинаа 16 лица, а 130 беа повредени.

— реклама —

Макрон соопшти дека разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го информирал дека Франција ќе ја зголеми поддршката, вклучително и преку испорака на ракети пресретнувачи и продолжување на соработката со Киев.

Зеленски го потврди разговорот, наведувајќи дека главна тема била потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана. Според него, двајцата лидери се договориле да се забрза испораката на најновата француска опрема и ракети.

— реклама —

Украинскиот претседател му се заблагодари на Макрон и за подготвеноста да се обезбедат лиценци за производство на ракети.

— реклама —

Во разговорот биле опфатени и дипломатските напори поврзани со војната, како и комуникацијата со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски наведе дека биле договорени чекори што би можеле да отворат дополнителни дипломатски можности.

Во понеделник во Киев треба да се одржи состанок на таканаречената Коалиција на волни, на кој ќе се разговара за продолжување на поддршката за Украина. Домаќини на состанокот ќе бидат Макрон, германскиот канцелар и британскиот премиер, а дел од лидерите ќе учествуваат преку видеоврска.

Според „Ле Монд“, на состанокот лично се очекува да присуствуваат околу десетина лидери, меѓу кои и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања