Промени тема
Контакт

Макрон по победата на Трамп: Доста е, Америка веќе не може да се грижи за нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
makron-tramp

Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел до европските лидери еден ден по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Макрон, пренесува АФП, на состанокот со европските лидери во Будимпешта рекол дека „Европа не може засекогаш да ја делегира својата безбедност на САД“. Тој додаде дека Европа мора да ја преземе контролата врз сопствената историја во „одлучувачки момент“ за континентот.

„Дали сакаме да читаме историја напишана од други - војни започнати од Владимир Путин, избори во САД, кинески технолошки или трговски потези... или сакаме да ја напишеме нашата сопствена историја? Мислам дека имаме сила да ја напишеме сопствената историја. “, рече Макрон.

— реклама —

Францускиот претседател тврди дека новиот американски претседател „легитимно ќе ги брани интересите на американскиот народ“ и ги праша европските лидери: „Дали сме подготвени да ги браниме интересите на европскиот народ?“.

— реклама —

Францускиот претседател им порача на европските лидери дека европскиот континент мора „да ја воспостави својата безбедносна независност од САД“ и „да ги брани сопствените интереси пред оние на своите геополитички ривали“.

Победата на Украинците во војната против Русија е во најдобар интерес на Европа, изјави Макрон на самитот со европските лидери.

— реклама —

„Нашиот интерес е Русија да не победи“, додаде Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 4 дена

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 4 дена

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања