Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
makron

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и Европа во последните недели се соочуваат со засилени руски хибридни закани.

— реклама —

По состанокот со лидерите на парламентарните партии, Макрон оцени дека се зголемила заканата со која се соочуваат Франција и Европа, особено кога станува збор за активности што ги поврзува со Русија.

— реклама —

„Во последните недели се засили заканата со која се соочуваат Европа и Франција, а тоа особено се однесува на руските хибридни закани“, изјави Макрон.

Францускиот претседател смета и дека се менува природата на руската агресија. Како примери за новото ниво на закани ги посочи нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на соседните земји, како и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг.

— реклама —

Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со беспилотно летало врз аеродромот во Лајпциг, што се случил во август.

— реклама —

Во меѓувреме, минатиот викенд се случил и безбедносен инцидент во Украина, кога руски дрон погодил воз што се движел непосредно зад колоната во која патувал поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0e1skaa2ovof0ALjaXc

„Сега е вистинскиот момент“: Макрон бара Украина повторно да се разгледува како можна членка на НАТО

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryopp1pjvgsu4keDwEzs9

Макрон: Путин не сака преговори, Европа мора да продолжи да ѝ помага на Украина

Свет | пред 6 дена

makron

Брижит и Емануел Макрон повторно бараат одговорност од Кендис Овенс

Свет | пред 1 седмица

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања