Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Макрон: Следните недели ќе бидат тешки, пожарите повторно се разгоруваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
makron-3

Пожарите во францускиот регион Жиронд повторно се разгореа по краткотрајното смирување на состојбата, а утринава беа регистрирани нови жаришта меѓу Лакано и Сен Елен.

— реклама —

Според француските власти, огнената стихија досега уништила околу 42.000 хектари, додека префектурата предупреди дека состојбата и понатаму е „многу непредвидлива“.

— реклама —

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера ги посети Бордо и кризниот штаб на противпожарната служба, порача дека земјата ја очекува тежок период.

„Следните недели ќе бидат тешки. Не се извлекуваат поуки додека битката сè уште трае. Треба да останеме обединети и да се бориме за да победиме“, изјави Макрон, одговарајќи на критиките упатени кон властите.

— реклама —

Во меѓувреме, противпожарните служби соопштија дека во департманот Буш ди Рона загинал 38-годишниот доброволен пожарникар Лоран Масон, кој настрадал додека бил на должност и одел да дополни гориво за противпожарно возило.

Дополнително, во департманот Вар четворица пожарникари се здобиле со полесни повреди во сообраќајна несреќа, соопшти локалната префектура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 4 часа

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 2 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања