Промени тема
Контакт

„Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

Со серија обвинувања на адреса на Максим Димитриевски и партијата ЗНАМ, СДСМ денеска преку соопштение оцени дека политичкиот проект на актуелниот градоначалник на Куманово доживува распад, а неговите поддржувачи сè повеќе ја напуштаат партијата.

Од СДСМ тврдат дека ЗНАМ влегла во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ поради, како што наведуваат, лични и бизнис интереси, а не поради политички принципи или програмски определби.

„Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се обвинува Димитриевски дека најпрво ја предал сопствената партија, а потоа и гласачите кои му дале поддршка.

— реклама —

Според СДСМ, ЗНАМ се соочува со внатрешни проблеми и заминување на членови, пратеници и советници, поради што, како што велат, Димитриевски останал сам да го брани политичкиот проект.

— реклама —

„Остана само Максо да го одработи авансот што го доби од Мицкоски“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ понатаму тврдат дека ЗНАМ не е независна политичка партија, туку проект создаден за интересите на ВМРО-ДПМНЕ и за слабеење на опозицијата.

— реклама —

Во соопштението се отвора и прашањето за пријавата поврзана со тендерите во Пошта, при што од партијата бараат одговор од надлежните институции.

„Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето: кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта?“, прашуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања