Промени тема
Контакт

Малолетник без возачка дозвола предизвикал сообраќајна несреќа во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3pd416eof6kmeCjivu0
Илустрација / Скопје1

Шеснаесетгодишен малолетник од тетовското село Порој е приведен откако без возачка дозвола управувал автомобил и учествувал во сообраќајна незгода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, на 22 јули околу 14:00 часот, на паркинг-простор на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода малолетникот, кој претходно управувал патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки.

— реклама —

При полициската контрола било утврдено дека тој го управувал возилото без да поседува возачка дозвола, а претходно со него учествувал во сообраќајна незгода.

— реклама —

Возилото било одземено и задржано во полициска станица, додека службениот разговор со малолетникот бил извршен во присуство на инспектор за малолетничка деликвенција и негов старател.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1h11163sfc1i4wdDVG5

Шест лица пријавени за фалсификување возачки дозволи, вработената во МВР незаконски додавала категории

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryiddqb4i8th916OUjGtF

(Видео) По бркотницата со полицијата, фатен дрвокрадецот во Куманово: превезувал огревни дрва без документација

Македонија | пред 1 час

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80

Македонија | пред 2 часа

pari-evra-policija

Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања