Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Честит 1 април - денот на Филипче и СДС 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryh0oo2gq3vu7sdzaVYIE

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија ќе има. СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„На овој важен датум, мораме да признаеме и дека нема зголемување на пензиите за пензионерите, нема зголемување на платите за работниците и нема намалување на инфлацијата, немаме најевтино гориво во регионот и Европа.

Денес, мораме да признаеме дека Филипче и СДС се потполно во право. Немаме напредок во Реформската Агенда и не сме лидери на Балканот во овој сегмент. Ние немаме визија како се води држава, но затоа ги слушаме советите на Зоран Заев и Венко Филипче кои, мораме да признаеме, навистина успешно ја водеа државата.

— реклама —

На ваков ден мора да си признаеме, лидери како Заев и Филипче – Македонија немала. Чесни и патриоти луѓе. Луѓе кои никогаш не згрешиле на македонскиот народ. Луѓе кои секогаш стојат на зборот и секогаш  го исполнуваат. Немаат ниту една дамка во овие изминати години кои може да се поврзат со Венко Филипче, Зоран Заев или со СДС.

— реклама —

Денешниот датум не потсеќа дека Заев и Филипче секогаш мислеа на граѓаните, а не на тендерите. Тие први носеа вакцини во ковид кризата, први намалија цени на електричната струја во енергетската криза, први намалија цена на горива кога пред некоја година дивееја цените во светот. Да потсетиме дека тие отворија  преговори со ЕУ, и дека датумот е на маса и само се чека потпис на документот.

Почитувани граѓани,

— реклама —

За крај, дозволете да го честитам први април – денот на СДС“, вели Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања