Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: СДС зборува за европски вредности, ги спинува европските функционери и го негира македонскиот идентитет, Филипче од фотелјата на Заев вели дека е спремен за уставни измени без гаранции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1q90rud0cje77c8YVlE

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинуваат дека СДСМ лажно се претставува како проевропска партија, додека, според нив, во пракса шири невистини и ги спинува изјавите на европските претставници.

— реклама —

Пратеникот Бране Манасиевски на прес-конференцијата посочува дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, настапува без јасни црвени линии во однос на евроинтегративниот процес и е подготвен за уставни измени без гаранции.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека член на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, во јавен настап изнел ставови со кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се релативизира значењето на Гоце Делчев за македонската државност, за што, како што велат, немало реакција од раководството на партијата.

Дополнително, Манасиевски обвини дека СДСМ ги извртувал изјавите на европратеникот Томас Вајц, кој подоцна појаснил дека неговото интервју било дадено претходно и дека постои напредок во реформите.

— реклама —

Од владејачката партија тврдат дека опозицијата со месеци ширела невистини и за средствата од ИПАРД програмата, посочувајќи дека од Брисел било потврдено дека тие не се блокирани и остануваат достапни.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите постапки покажуваат дека СДСМ делува опортунистички, а не проевропски, обвинувајќи дека со своите ставови ја доведува во прашање и позицијата на државата во евроинтегративниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања