Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека неговиот мандат како министер за здравство бил обележан со пропуштени реформи, скандали и сериозни слабости во функционирањето на здравствениот систем.

— реклама —

Од партијата тврдат дека наместо подобрување на здравството, за време на неговото раководење биле отворени бројни прашања поврзани со набавката на вакцини преку посредник, како и со случајот што го нарекуваат „Крвави тендери“, поврзан со набавка на тестови и реагенси.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека во тој период се зголемиле листите на чекање, пациентите долго чекале за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар се продлабочил, а јавните здравствени установи се соочувале со недостиг од опрема и основни услови за работа.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува и на пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, оценувајќи дека за оваа трагедија не била преземена политичка и морална одговорност.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека за време на ковид-пандемијата Македонија била меѓу земјите со висока смртност по глава на жител и сметаат дека поради тоа Филипче нема кредибилитет да говори за состојбите во здравството.

— реклама —

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека нивна цел е ефикасен, транспарентен и пациентите ориентиран здравствен систем, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и поголема одговорност при носењето одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања