Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мажи од Македонија, Грција и Косово заглавија: се забавувале додека кучиња се јаделе меѓу себе до умирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против четворица лица – грчки и косовски државјанин, како и двајца македонски државјани – за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинението, на 1 ноември во селото Црнеец, во близина на Стрежево, обвинетите заради користољубие организирале и спровеле борба меѓу кучиња од расите „пит бул“ и „американски стафорд“, при што животните биле грубо злоупотребени и изложени на непотребни маки.

Првообвинетиот, државјанин на Грција, ја организирал борбата во дворот на семејната куќа на второобвинетиот косовски државјанин, кој претходно подготвил импровизиран ринг. Настанот го следеле и лица од Косово, Грција и Македонија, кои полицијата ги затекнала на лице место и кај кои биле пронајдени пари во евра и денари, за кои се верува дека биле наменети за обложување на борбата.

— реклама —

Како резултат на насилниот настан, кучето од расата „пит бул“ се здобило со тешки повреди, меѓу кои угризни рани, повреди на главата и знаци на трауматски шок.

— реклама —

Истражните органи утврдиле дека се работи за организирана група која повторувала вакви борби, бидејќи во дворот биле пронајдени траги од претходни борби и лекови за третман на повредени кучиња.

Обвинителството достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за двајцата македонски државјани, додека грчкиот и косовскиот државјанин се во бегство.

— реклама —

„Доколку не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, обвинителството ќе предложи да им се суди во отсуство,“ соопштија од ОЈО Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Битола ја активира пајак-службата: ќе се отстрануваат непрописно паркирани и хаварисани возила

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Од понеделник пајак-службата повторно на улиците во Битола

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 6 дена

media-librarys6tnt0hki4f9cbhfjna

(Фото) Во Битола одбележани 110 години од Кајмакчаланската битка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања