Промени тема
Контакт

Медведев со заканувачка порака до Киев: За нив веќе не треба да важат никакви правила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Dmitry-Medvedev-2016

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, упати остри пораки кон Украина, оценувајќи дека за Киев повеќе не треба да важат никакви правила поради, како што наведе, сè поинтензивните напади врз руски градови.

Во објава на социјалните мрежи, Медведев ја обвини Украина за масовни напади и порача дека Русија не треба да биде ограничена во својот одговор.

„Со оглед на масовните напади на непријателот врз нашите градови, чии размери се зголемуваат, време е отворено да се каже дека за неонацистичкиот режим во Киев повеќе нема никакви правила“, напиша Медведев.

— реклама —

Тој истакна дека единствената граница што не смее да се премине, според него, е намерното и свесно таргетирање на цивили.

Во истата објава, Медведев ја доведе во прашање и актуелноста на меѓународните правила за војување, оценувајќи дека конфликтите значително се промениле во последниот век.

Според него, современите војни се водат со ракети и беспилотни летала, што, како што тврди, ги прави застарени дел од постојните меѓународни конвенции.

— реклама —

Медведев се повика и на правниот принцип „rebus sic stantibus“, според кој обврските можат да престанат да важат доколку суштински се променат околностите врз кои биле засновани.

Неговите изјави доаѓаат во период на засилени напади и од руската и од украинската страна, додека борбите и натаму продолжуваат без видлив напредок кон политичко решение на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Руски „дипломатски извор“ открива наводна порака од Путин до Киев: „Предадете се“

Свет | пред 17 часа

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин до американските пратеници: „Пред да почнеме, пренесете му ги моите најдобри желби на Трамп“

Свет | пред 1 ден

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: Новиот терминал ќе стане најголемото северно нафтено пристаниште во Русија

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз Киев

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања