Промени тема
Контакт

Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6258

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на Конференцијата на амбасадори во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која беа присутни албанските политичари од земјите на регионот.

— реклама —

За време на панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, првиот вицепремиер Меџити ги сподели своите видувања за последните случувања на политичката сцена на Северна Македонија, при што ја истакна важноста на долгоочекуваната промена што ја донесе создавањето на владата без ДУИ, партија која 22 години ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, нагласувајќи дека ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречувала секој обид за позитивни промени за Албанците.

— реклама —

Меџити рече дека европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент.

Првиот вицепремиер му честиташе на министерот Игли Хасани за создавањето на посебен оддел во Министерството за надворешни работи на Албанија, посветен на Албанците од регионот и дијаспората, додавајќи дека продлабочувањето на меѓуалбанската соработка е неопходност што треба да продолжи непрекинато.

— реклама —

Меџити ја подвлече потребата од создавање заедничка платформа за соработка во различни области, од образование до економија, опишувајќи го тоа како дефинирачки елемент за нашата заедничка европска иднина.

— реклама —

Меџити денеска и утре ќе се сретне со шефовите на албанската држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library83ft6nla9eqk5gk2wVG

Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Македонија | пред 9 месеци

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Свет | пред 9 месеци

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања